Пијана медицинска сестра возела 11 км. на автопат во погрешен смер (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Медицинскиот персонал е во првите борбени редови во борбата со коронавирусот. Многу од нив работат и по повеќе од 12 часови дневно, а опуштањето во слободно време знае да биде многу опасно.

Доказот за ова доаѓа од Велика Британија каде медицинска сестра во пијана состојба со своето возило VW Polo возела во спротивен смер на автопатот М4.

По 11 километри таа била сопрена од полицијата при што и бил направен алкотест. Според британските медиуми таа имала двојно повеќе алкохол во крвта поради што е осудена на 12 месеци општествено кроисна работа и парична казна од 1.000 евра.

Најважно е дека немало други повредени учесници во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK