Пет опции кои наскоро ќе го сменат светот на возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите кои произведуваат автомобили прават сè што е во нивна можност за да им угодат на своите клиенти, а за таа цел разработуваат различни опции. Возилата веќе располагаат со огромен број на системи меѓу кои се и систем за препознавање на замореност кај возачот или, пак, функција за масажа.

Науката и технологијата продолжуваат да се развиваат и во иднина ќе може да се видат уште нови дополнителни услуги.

Во продолжение може да се видат петте највпечатливи дополнителни услуги кои се одбрани од страна на Your Mechanic.

Стартување на моторот со поглед

Во моментов моторот може да биде стартуван со помош на клуч, копче или далечинско. Сепак, интересна е една нова варијанта според која моторот би можел да се стартува со насочување на погледнот кон специјален скенер. Станува збор за систем, кој ја препознава ретината на окото на возачот, која активира претходно внесените поставки.

Овој систем веќе се развива од страна на канадски и јапонски компании, а тој ќе може да запомни претходно внесени параметри за сопственикот на возилото. Технологијата ќе може да препознава повеќе од еден возач, а на тој начин ќе се ограничува пристап на возилото до лица кои не се „запишани“ во системот.

Гуми без воздух

Многу од компаниите работат на развој на гуми, кои немаат потреба од пумпање и не можат да се дупнат доколку бидат прободени. Вакви модели подготвуваат специјалистите од јапонската Bridgestone, германската Continental и финската Nokian.

Основната карактеристика на овие гуми се термопластичната смеса и каучук, кој има минато низ специјална обработка, кој дозволува намалување на притисокот и ја исклучува можноста за деформација на внатрешноста. Освен тоа ќе биде постигната минимална загуба на енергијата од отпорност при чистење, што ќе доведе и до ниска потрошуачка на гориво.

Автоматско затемнување на стаклата

Некои од производителите веќе користат слична технологија кај своите автомобили. Концернот Daimler кај своите модели пред повеќе од една година го воведе панорамскиот покрив Magic Sky Control. Прашањето е дали оваа технологија ќе стане масовна во држвите во кои затемнувањето на прозорците е забрането со закон?

Информација за дефект на таблата со инструменти

Осветлениот индикатор на таблата со инструменти покажува за проблем во некој од системите на автомобилот. Тој го тера сопственикот да ги отвори иструкциите за користење и да ја побара причината за она што се случило или директно да посети сервис каде стручњаците ќе го проверат возилото со помош на компјутер и ќе извршат дијагностика. На тој начин ќе го откријат дефектот.

Не е далеку времто кога самата табла со инструменти и на екранот на борд компјутерот ќе се појавува соопштение за дефектот, како и за начините за справување со него. Практично оваа технологија веќе постои кај некои поскапи автомобили, а се развива непрекинато и се очекува сосема скоро да стане масовна.

Автопилот

Автономните системи за управување се развиваат веќе неколку години и тоа без прекин. Сите поголеми автомобилски производители се занимаваат со беспилотни системи. Сопствена развојна програма во оваа насока имаат и производителите на компоненти како Bosch и Delphi, а исто така и компании, кои не се поврзани со автоиндустријата како Google, Apple и Intel.

Голем дел од возачите со сигурност би сакале да можат да ја зачуваат контролата над автомобилите, но користењето барем делумно на овие технологии ќе биде само од корист.