„Пеглица“ на новиот век – изгледа одлично

ОБЈАВЕНО НА:

Студиото за дизајн и рендерирање MA-DE Studio објави рендер од можниот изглед на моделот Fiat 126.

Станува всушност збор за неофицијален рендер кој покажува како би можело да изгледа овој модел кој народски е познат како “Пеглица”.

Според последниот стратешки план на Fiat, не се предвидува нов помал модел од 500, но со спојувањето на FCA и PSA се отвора можноста за такво нешто. Така новата “Пеглица” би можело да ја користи платформата на Peugeot 108, а би конкурирала на најмалите модели на Volkswagen Групацијата.

Fiat 126 Vision

Инаку моделот 126 за прв пат се појавува во 1972 година во Торино каде се произведува се до 1980 година. Во меѓувреме се произведува и во Полска и тоа се до 22 септември 2000 година кога е произведен последниот примерок.

Fiat 126 Vision

Во тој период произведени се вкупно 4,7 милиони примероци од овој модел што го прави еден од најпродаваните модели на италијанскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK