Паркинг место што чини еден милион долари!

ОБЈАВЕНО НА:

Цената на паркинг местата во Скопје во зависност од локацијата се движи од неколку па се до 15 илјади евра. Ако ова мислите дека е скапо тогаш треба да знаете дека во Хонг Конг паркинг место се продава и за еден милион долари.

Да, добро прочитавте. Паркинг простор во рамките на најголемата зграда во Хонг Конг е продадено за 970 илјади американски долари што е еднакво на 30 просечни годишни плати на еден просечен жител на Хонг Конг или пак еднакво на еднособен стан во елитниот лондонски четврт Челзи.

Ова не е ништо чудно ако се знае дека во центарот на Хонг Конг се наоѓаат бројни седишта на меѓународни финансиски институции и големи бизниси, а јавен паркинг простор речиси и да нема.

Инаку истата оваа зграда пред извесно веме беше продадена за нешто повеќе од 5 милијарди долари што на крајот оваа цифра за паркинг простор и не е толку голема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK