Овие автомобили крадците најмногу ги сакаат

ОБЈАВЕНО НА:

Британците се познати по темелните статистички операции опфатувајќи при тоа бројни сегменти од секојдневното живеење. За нас особено значајно е истражувањето кое е спроведено со цел да се открие најкрадениот автомобил во Велика Британија.

Така, според официјалните резултати од едно истражување најкраден автомобил во Велика Британија за минатата календарска година е Ford Focus. Во текот на целата година регистрирани се 1.952 кражби од овој модел.

На втората позиција се наоѓа уште еден модел на Ford. Станува збор за малиот градски автомобил Fiesta со регистрирани 508 кражби на годишно ниво.

На листата најкрадени автомобили се наоѓаат и моделите на Vauxhall со регистрирани 909 кражби и Volkswagen со 466 кражби. При тоа најпопуларни модели кај крадците од овие два бренда се Astra со украдени 344 автомобили и VW Golf со 340 украдени автомобили.

За жал кај нас нема податоци барем не објавени, кои модели се најкрадени во Македонија. Најважно е да не заборавите д аго заклучите возилото кога го напуштате.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK