Овие 10 возила најспоро се продаваат – некои со месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Во најновиот извештаи за продажбата и состојбата на пазарот на половни автомобили за периодот од март до јуни годинава, објавени се 10 возила кои најспоро се продаваат во САД.

На листата доминираат возилата од брендот на Land Rover – има дури 5.

Така најспоро се продава Land Rover Discovery. Потребни се 199,9 дена за да се продаде, а просечната продажна цена изнесува 46.187 американски долари. навтората позиција се наоѓа уште еден модел на британскиот производител – Range Rover Velar. Овој SUV се продава во просек за 188,1 денови, додека пак просечната цена изнесува 51.429 долари.

Третата позиција припаѓа на Maserati Levante со 181,2 денови за продажба. Вкупно 125,2 денови се потребни за да се продаде Land Rover Range Rover Sport, а просечната цена на овој SUV изнесува 48.583.

Во топ 5 возила кои најспоро се продаваат се наоѓа уште Kia Cadenza за чија продажба потребни се 121,6 денови.

Од шестат до десетата позиција се наоѓаат: Land Rover Discovery Sport, Land Rover Range Rover, Cadillac XT4, Alfa Romeo Stelvio и Ford Ecosport. За продажба на еден примерок од овие возила потребни се од 109,8 до 118,6 денови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK