Оваа реклама за BMW M3 е забранета – причината? Погледнете! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Неодамна Volkswagen по низата критики ја повлече комерцијалата реклама за новиот Golf. Тоа не е ништо ново во автомобилската индустрија. Последните 20-тина години кога на сила стапија бројни ограничувања во поглед на рекламирањето, низа реклами беа стопирани од надлежните, или, еднострано повлечени како што е случајот со рекламата за новиот Golf.

Поттикнати од оваа реклама, во продолжение претставуваме реклама за моделот M3 на BMW објавена во 2014 година. Оваа реклама германскиот производител мораше да ја повлече откако надлежните укажаа дека станува збор за реклама со многу сексуалност.

Инаку BMW важи за компанија чиј реклами се најмногу забранувани. Минатата година регулаторното тело за рекламирање на Велика Британија издаде налог за забрана на рекламата за новиот X1 поради поттикнување на брзо возење.

Претходно беа забранувани неколку други реклами исто така во Велика Британија, но и Австралија и САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK