Ова се најскапите автомобили продадени на eBay

ОБЈАВЕНО НА:

Интернет платформата eBay овозможува онлајн продажба на најразлични производи. Овој сајт поради функционалностите станува се повеќе и повеќе популарен, а следствено на тоа се користи и за купо-продажба на најразлични производи.

На овој сајт може да се купат и автомобили, и тоа не само обични, туку и супер луксузни автомобили по цени над 100.000 евра.

Најскапиот автомобил кој минатата година бил продаден преку оваа интернет страна бил Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster, продаден по цена од 349.800 американски долари. По него следи Lamborghini Urus продаден по цена од 245.995 долари.

Трет најскап автомобил продаден на eBay за минатата година е Ford GT од 2005 година по цена од 220.000 долари, а во топ 5 најскапо продадени автомобили преку овој интернет сајт спаѓаат и Mercedes-AMG G63 продаден за 219.000 долари и Lamborghini Huracan LP580-2 продаден за 209.900 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK