Ова се најпопуларните бои за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси една четвртина од возилата се во таа боја.

Белата е најпопуларната боја на новите автомобили во САД, покажува последната студија спроведена од страна на iSeeCars.

Според статистиката, 23,9% од новите автомобили минатата година во САД биле во бела боја. По белата, со 23,2% следи црната боја додека трета најпопуларна боја е сивата. Повеќе од 10% од новите автомобили се и со црвена и сребрена боја.

По сојузни држави, белата е најпопуларна во Алјаска, Алабама, Арканзас, Аризона, Калифорнија, Колорадо и Флорида. Црната пак е популарна во Конектикат, Џорџија, Ајова, Илиноис, Индијана, Кентаки.

Белата е популарна и во градовите Сан Диего, Сан Антонио, Феникс, Портланд, Остин, Далас, Денвер, додека црната убедливо води во Атланта, Балтимор,Њујорк, Чикаго, Синсинати, Детроит.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK