Ова се најголемите производители на гуми во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Базирајќи се на продажбата за минатата деловна година, познати се најголемите светски производители на гуми за 2018 година. Петти најголем производител со годишна продажба од 7 милијарди американски долари е Sumitomo Rubber Industries од Јапонија. Оваа компанија ги произведува и продава брендовите Dunlop, Falken и Ohtsu.

На четвртата позиција се наоѓа германската компанија Continental со продажба од 13 милијарди долари за претходната година.

На третата позиција со продажба од 15 милијарди долари се наоѓа Goodyear. Убедливо на втората позиција во споредба со овие три компании се наоѓа француски Michelin со годишна продажба од 26 милијарди евра.

На првата позиција се наоѓа Bridgestone од Јапонија со годишна продажба од 18 милијарди долари што е речиси двојно повеќе од Goodyear кој е на третата позиција.