Ова се најдобрите авто брендови во САД за 2019 – ќе се изненадите кој е на врвот!

ОБЈАВЕНО НА:

Последното рангирање на автомобилските брендови во САД за 2019 година донесе значителни промени на првите 10 позиции односно врвот на листата.

Оваа година, на првата позиција со скор од 8,7 од максимални 10 се најде јапонскиот производител Mazda. Тоа значи дека Mazda е и најдобро рангираниот азијски производител оставајќи ги зад себе Lexus, Toyota и Honda.

На втората позиција изненадувачки се најде Kia со скор од 8,62 поени додека на третата позиција е уште еден азијски бренд, Honda со 8,55 поени.

Најдобро рангиран американски бренд е Chevrolet со скор од 8,365 поени на четвртата позиција. Најдобрата петорка ја комплетира Hyundai на петтата позиција.

Од шестата до десеттата позиција се наоѓаат уште и Toyota, Volkswagen, Ford, Subaru и Mini.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK