Ова биле најпопуларните автомобили во Југославија

ОБЈАВЕНО НА:

И додека во земјите од источниот блок (СССР, Полска, Бугарија, Романија…) претежно се возеа автомобили од домашно производство, во Југославија во 60те, 70те и 80те години, како земја која се наоѓаше помеѓу источната и западната политика се возеа автомобили произведени во земји од двата блока.

Така во Југославија во овие години покрај автомобили произведени во Југославија, можеше да се забележат и автомобили произведени во Романија, СССР, Бугарија, но многу повеќе во Италија и Германија.

Но кои автомобили биле најпопуларни овие години? Прочитајте во продолжение.

Yugo 45

Дефинитивно најпопуларниот модел во 80те години во Југославија е Yugo 45. Производството на овој автомобил започнало во 1981 година во Крагуевац, а голем дел од деловите за овој автомобил биле произведувани во останатите републики меѓу кои и Македонија.

Zastava 750

Овој модел, народски познат и како Фиќо, бил многу популарен во 60те години особено кога фабриката Застава успеала да ја добие лиценцата од Fiat за производството на овој модел. Долго време, овој автомобил беше дел од многу државни и сојузни служби во поранешната Југославија.

Citroen 2CV

Citroen 2CV или познат како Спачак е исто така доста популарен модел во Југославија. Малкумина знаат, но Спачакот кој се возел во Југославија не бил произведен во Франција туку во СР Словенија поточно во фабриката на Томос во Копер.

Wartburg

За разлика од претходните три модели, овој автомобил директно доаѓал од фабриката на Wartburg во Ајзенаху. Овој автомобил се произведувал во периодот од 1966 до 1988 година, а доста популарен бил во СР Словенија и СР Хрватска, особено поради географската близина.

Renault 4

Уште еден автомобил кој се произведувал во Југославија. Во периодот од 1973 па се до распадот на Југославија во 90те, овој автомобил се произведувал во фабриката IMV во Ново Место, денешна Словенија. Овој автомобил бил честа појава на улиците низ Југославија.

NSU Prinz

Малкумина се сеќаваат, но во 60те и 70те години овој автомобил се произведувал во Сараево поточно во фабриката Претис (Предузече Тито Сарајево). За потребите на југословенскиот пазар во оваа фабрика се произведени околу 15 илјади автомобили, сите продадени низ Југославија.

VW Golf

Уште еден автомобил кој се произведувал во Југославија. поточно во ТАС Сараево. Од 1976 до распадот на Југославија се произведени над 200 илјади автомобили од првата и втората генерација на Golf. Токму ова локално производство е најзаслужно за популарноста на овој модел во Југославија, а особено Босна и Херцеговина.

Opel Kadett

Малку позна факт е дека овој опелов модел се произведувал во Југославија. Така во 1977 година започнало склапањето на овој модел во ИДА во Кикинда, град во денешна Војводина. Поради дизајнот и перформансите овој автомобил бил доста популарен, но и многу поскап во однос на останатите автомобили што се произведувале во Југославија.

Zastava 101

Дефинитивно најпопуларниот автомобил бил Zastava 101 познат како Стојадин или едноставно Кец. Производството започнало во 1971 година во фабриката на Застава во Крагуевац, а до крајот на 80те односно 90те години речиси и да немаше гаража во која немаше ваков автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK