Отсега нарачајте пица преку вашиот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сте гладни, а при тоа не знаете број од некој ресторан или не сакате да барате по интернет, не очајувајте, тука е вашиот автомобил да ви помогне.

Така, доколку поседувате Chevrolet автомобил веројатноста да останете гладни е минимална. Имено на продавницата за апликации која е составвен дел од новите автомобили на американскиот производител достапна е апликација преку која можете да нарачате пица директно од Domino’s.

“Domino’s на љубителите на пица досега понуди бројни иновативни начини за нарачка и достава. Истовремено, Chevrolet ја стави на располагање технологијата во насока на дополнителни можности на возилото на пат така што возачите ќе може да нарачаат пица преку екранот осетлив на допир” изјави Скот Годард од Chevrolet.

Истовремено и FCA објави дека преку нивниот Uconnect паметен софтвер сопствениците ќе може да нарачуваат и закажуваат најразлични услуги. Така од автомобилите кои ќе бидат понудени во САД ќе може да се резервира хотелски соби, редовни и вонредни сервиси, но и пица, токму од Domino’s.

Полека, но сигурно, и автомобилите стануваат места каде големите компании ќе ги претворат во мали подвижни комерцијални објекти каде ќе може да ги трошите вашите пари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK