Останаа уште малку примероци: Украинец продава 50-гoдишeн Mеrсеdеs-Bеnz во „тoп состојба“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто старите модели на Mercedes се наоѓаат некаде во Западна Европа или пак во САД, а многу ретко може да се најдат во земја зад „железната завеса“ или од источниот блок. Таму најчесто завршувале модели што биле купувани за политичарите или екстремно богатите сопственици. Сепак не е реткост и во тамошните огласи да осамне некој „старец“ кој е во одлична кондиција.

Стилскиот Mеrсеdеs-Bеnz 250 купe е објавен за продажба во главниот град на Украина, Киев. Автомобилот е произведен во 1970 година, а од таа верзија на автомобили во добра состојба има сосема малку примероци.

Овој Mеrсеdеs 250 С W115, сепак, изгледа неверојатно бидејќи претрпел длабинско реставрирање бидејќи, кое му одзело на сопственикот повеќе од две години.

Практично за ова му барале 20.000 долари. Досега возилото има поминато само 59.000 километри. Внатрешноста на овој Mercedes e тапацирана со фина кожа, а во опремата е вклучено и засилување на воланот.

Под хаубата на автомобилот се наоѓа 2.8-литарски шестцилиндричен мотор со моќност од 170 коњски сили. Овој мотор работи со четиристепен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK