Ова се најдобрите автомобили на заден погон (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најпопуларниот британски магазин за автомобилизам AutoExpress направи избор на најдобрите автомобили со погон на задните тркала. При тоа истите ги претстави во видео објавено на својот YouTube канал.

На позицијата број 5 се најде серија 5 на BMW. Четвртата позиција овој магазин ја резервираше за Jaguar XE. BMW има долга традиција со производство на автомобили на заден погон па не ни чудна нивната доминација на оваа листа. Така на третата позиција се најде BMW серија 3.

Според редакцијата на AutoExpress втор најдобар автомобил на заден погон е актуелната генерација од Porsche 911.

И на крајот најдобриот автомобил на заден погон не е на BMW. Изненадувачки, можеби, на првата позиција се најде Mazda MX-5.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK