Објавен трејлерот за филмот за Џон ДеЛореан

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави трејлер за филмот посветен на Џон ДеЛореан, основачот на DeLorean Motor Company и долгогодишен соработник во General Motors.

Во филмот чија премиера е закажана за 7 јуни годинава главната улога ја игра Алек Балдвин кој го глуми Џон ДеЛореан, а тука се и Морена Бакарин и Џош Чарлс.

Режисерите и продуцентите Дон Аргот и Шина Џојс даваат опис за тоа кој навистина бил Џон ДеЛореан, за неговиот приватен и професионален живот, неговата визија која ја револуционизираше автомобилската индустрија минатиот век.

Инаку ДеЛореан е роден во 1925 година во Детроит се до неговата смрт во 2005 година е активен чинител во автомобилската индустрија во САД. Познат е по неговиот DMC DeLorean автомобил кој во целост го разви, а иако опстојуваше само неколку години, пред да згасне поради банкрот, неговата компанија имаше значајна улога во автомобилската индустрија во САД.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK