Објавен трејлерот за филмот Ford v Ferrari (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На својот официјален YouTube канал, 20th Century Fox го објави трејлерот за нивниот најнов филм Ford v Ferrari.

Целата тематика во филмот се однесува на развојот на автомобил кој ќе успее да го победи Ferrari на Ле Ман во 1966 година. Оттука централното место го зазема легендарниот фордов модел GT40.

Главната улога ја игра Мет Дејмон во улога на Керол Шелби, а тука е и Кристијан Бејл кој ја игра улогата на Кен Мајлс. Во останатите улоги настапуваат Џон Бернтал, Кејтриона Белф, Трејси Летс, Џош Лукас, Ремо Џирон, Рек МекКинон…

Премиерата на филмот е закажана за 15 ноември годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK