Нови Toyota автомобили смачкани при транспорт

ОБЈАВЕНО НА:

Три Toyota Supra нови автомобили се смачкаа при транспорт во Унгарија.

Иако унгарските медиуми не откриваат многу детали околу оваа несреќа, она што може да се види од објавените фотографии е дека несреќата настанала откако попуштил горниот спрат од камионот на кој исто така се наоѓал автомобил.

На камионот се наоѓале вкупно шест возила, но останатите три не се здобија со “повреди”.

Не е јасно која било крајната дестинација, но по инцидентот сигурно е дека сопствениците ќе мора да почекаат уште малку за да го добијат својот автомобил.

Некого сигурно ќе го интересира што се случува со ваквите возила? Ги поправаат па ги продаваат? Или одат на отпад? Нема ваква информација..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK