Нов светски рекорд: Од 0 до 400 км/ч. и пак до 0 за 31,49 секунди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на суперспортски автомобили, Koenigsegg објави дека на 23 септември компанијата запишала нов светски рекорд, подобрувајќи го своето најдобро постигнување за забрзување од 0 до 400 км/ч и потоа запирање до 0.

После 36,44 секунди со Agera RS во октомври 2017 година и 33,29 секунди повторно со Agera RS во октомври 2017 година, сега од Koenigsegg објавуваат дека новиот рекорд е постигнат со претставник на Regera и е 31,49 секунди.

За забрзувањето од 0 до 400 км/ч, на Regera му биле неопходни само 22,87 секунди и 1613.2 метри. Запирањето до 0 км/ч било направено за 8,62 секунди и за растојание од 435.26 метри.

Со оптимизирана аеродинамика во воздушниот тунел, уникатна конструкција и функционалност на задниот спојлер, Koenigsegg Direct Drive менувач и хибриден погон со рачно изработени клетки на батеријата, Regera тежи само 1590 килограми (со течностите за ладење, маслото и горивото).

Максималната моќност на хибридниот погон на Koenigsegg Regera е 1500 коњски сили, а максималниот вртежен момент е над 2000 Нм. Таа е составена од мотор со внатрешно согорување, петлитарски V8, кој ветува по 220 коњски сили на литар од својот капацитет и електричен систем со три електрични мотори што гарантира достигнување на респектабилна целокупна фигура.

Суперспортскиот автомобил е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, од 0 до 200 км/ч за 6,6 секунди, од 0 до 300 км/ч за 10,9 секунди, а границата од 400 км/ч може да биде надмината под 20 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK