Нов Seat за само 599 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

Сакате да станете сопственик на Seat, но немате доволно пари. Отсега за само 599 евра можете да станете сопственик на Seat, но не автомобил туку електричен тротинет.

Во презентација на својот официјален YouTube канал, шпанскиот производител премиерно го претстави електричниот тротинет наменет за земјите од Западна Европа. Овој тротинет кој е со многу конкурентна цена има солидна автономија и брзина, а целта за лансирањето е придонесот кон зачувување на околината, но и овозможување алтернативен транспорт за сите оние кои не сакаат гужви во сообраќајот.

Називот на овој тротинет е eXS, а целосната технологија е преземена од Segway ES2 моделот. Максималанта брзина е 25км/ч, а со едно полнење можете да поминете неверојатни 45 километри. Меѓу другото, овој тротинет има темпомат, предно и задно LED светло, посебно амбиентално осветлување и систем за заштита од кражба.

Инаку Seat е последниот во низата автомобилскии производители кои инвестираат во тротинети. Претходно тоа го направи и германскиот производител BMW кој лансираше електричен тротинет по цена од 2.000 евра, а американскиот производител Ford купи компанија за изнајмување на електрични тротинети.