Никогаш полесно – кражба на нов автомобил за само 18 секунди (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Вградената напредна технологија во новите автомобили донесе примена на напредни методи за кражба на истите. Иако многу производители уверуваа дека новите автомобили потешко може да се украдат, сепак праксата го покажува спротивното.

Денеска е полесно од било кога да се украде луксузен автомобил и сето тоа за само 18 секунди, без многу напор, но со помош на современа технологија.

На видеото кое се појави на интернет, а е прикажано во продолжение се зборува за тоа колку лесно е да се украде луксузно возило, без употреба на штрафцитер и друг прибор. Во видеото презентерот го потенцира фактот дека последните години има драстично зголемување на кражбата на автомобили токму благодарение на леснотијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK