Неверојатно, но вистинито: Возел 11 лица во Ford Focus!

ОБЈАВЕНО НА:

Британецот Кенет Самуел е фатен од страна на полицијата во Colwyn Bay како превезува дури десет лица во својот Ford Focus. Неверојатната бројка на патници во возилото е забележана од страна на камерите за снимање на патиштата.

Во автомобилот се возеле возачот и уште три други возрасни лица, како и дури седум деца. Три од децата биле на подот зад предните седишта. Возачот е обвинет по брза постапка, а возачката дозвола му е одземена во период од 15 месеци. Покрај тоа ќе мора да плати и казна од 17 фунти.

Адвокатот на обвинетиот во судот изјавил дека клиентот не можел да го одбие превозот на децата кои плачеле и биле гладни. Тоа била глупава одлука, за која на крајот зажалил.

Обвинението, сепак, го потенцира и фактот дека во возилото имало деца, кои не биле врзани со безбедносниот ремен, што е и основен аргумент за дадената казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK