Неисправни сопирачки или толку знае да вози… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Видеото прикажано во продолжение ќе ви ја врати онаа стара дилема и дискусија со самите себе – знаат ли жените да возат?

Станува збор за видео снимено од камера поставена на паркирано возило на паркинг некаде во САД. На видеото може да се види како жена со SUV возило се забива во дрвена куќарка при што ја разнесува истата и удира во паркирано BMW возило.

Откако ќе го погледнете видеото прикажано во продолжение одговорот на прашањето од погоре ќе ви биде негативен, но при тоа ќе погрешите. Официјалните информации кои произлегуваат од полицискиот извештај кажува дека причина за оваа несреќа е откажувањето на сопирачките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK