Не сакате да полагате!? Еве како да си добиете возачка дозвола!

ОБЈАВЕНО НА:

За секој проблем постои решение, а она неопходното е да се има креативност и решителност. Се чини дека еден кинез ги имал овие два атрибута, и повеќе од потребното.

Танг од кинеската провинција Лиуж се сетил на многу креативен начин да ги заобиколи законите и при тоа несакајќи да полага си добил возачка дозвола.

Всушност тој не добил туку самиот си направил. Иако за неверување, сепак тој на лист хартија рачно ги напишал своите генералии, залепил своја слика и ставена во паричникот ја користел како возачка дозвола. Со оваа возачка дозвола тој пропатувал илјадници километри, но неговата турнеја и не траела долго.

Тој бил сопрен од сообраќајната полиција која при тоа веднаш утврдила дека лицето Танг нема исправна возачка дозвола. “Не очекував дека сообраќајната полиција ќе биде толку сериозна” изјавил Танг. Тој додал и дека премногу го мрзело да оди на обуки и оствари право на возачка дозвола кога и онака знаел да вози.

Полицаецот кој пак го застанал Танг изјавил дека се изненадил кога видол што има во возачката и дека не му било за верување во она што го гледа.

Како и да е против Танг ќе добие казна за возење без возачка дозвола, а можно е против него да биде покренато обвинение и за фалсификување на патни исправи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK