Не е сѐ во парите: Кои се најсреќните сопственици на возила

ОБЈАВЕНО НА:

Последното истражување направено од страна на британскиот магазин Auto Express покажува дека не мора да имате скап автомобил за да бидете среќни. Напротив сопствениците на „буџетски“ возила кои ги задоволуваат вашите потреби најмногу ги прават среќни сопствениците. Ова 16. издание на ваквото истражување.

Анкетата покажала дека најсреќни сопственици се оние на Skoda Superb, и тоа со процент од 93,4 отсто. Уште по изненадувачки е што веднаш зад Superb се најде уште еден автомобил на Skoda, и тоа моделот Yeti кој нема да има наследник со истото име во иднина.

Единствениот премиум бренд што се најде во Топ-5 е Lexsus со моделот RX на третото место со процент од 93,1 отсто, пред Toyota RAV4 и Kia cee`d на петтото место што за некои е големо изненадување.

За разлика од Skoda која е дел од семејството на Volkswagen и се наоѓа на самиот врв, братските модели од VW и Audi кои се пофенси и поскапи се наоѓаат на самото дно во конкуренција на 75 возила. Најразочарани се сопствениците на VW up!, Audi A1, Citronen C4 Cactus, Ford Mondeo и Citroen C1

Во изработка на студијата учествувале повеќе од 70.000 сопственици на нови возила, имало девет различни категории според кои е направено рангирањето, како што се доверливоста, трошоците за одржување, комфорот и управувањето. Потоа багажниот простор, а во истражувањето сопствениците кажале дека сакаат да имаа и возило со подобра економичност и подобра систем за навигација.

Иако Superb е на врвот, не е перфектен. Навистина, петмина од сопствениците се пожалиле на технички проблеми, најмногу од електрониката. Уште полошо е за еден домашен модел на Британците, Jaguar XF каде дури третина од сопствениците изјавиле дека имале преоблеми во последните 12 месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK