Направи сам: Турчин oд Renault создаде возило „гасеничар“

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено за вакви или слични преправки на возила информациите доаѓаа од Русија, но и во Турција има „умни“ луѓе што знаат да направат интересна преправка на автомобил.

Се работи за стар модел на Renault, со ознака 12. Романците од Dacia исто правеа копии на овој модел, но тука зборуваме за една сосема поинаква доработка – претворање на класичното Renault 12 во гасеничар.

Караван верзијата на Renault 12 се појавила во 1977 година, но пред да почнат преправките било во релативно добра состојба.

Турчинот Доган Кабал Сунар ги направил сите подобрувања апсолутно сам. Потпирањето е целосно преработено и е исклучително цврсто, а движењето се изведува преку педали за гас и кочница, како и две рачки за промена на насоките на движење. Откако проектот заврши, објави видео на YouTube, но за жал нема технички детали за тоа.

Сепак, тоа е интересно. Погледни го видеото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK