Најневообичаениот краш тест – Porsche се судри со Bugatti (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската асоцијација на Германија (ADAC) која е основана во 1903 година со што е најстарата асоцијација денес, објави интересен краш тест – судир на Porsche со Bugatti.

Не станува за судир на вистински модел, туку на автомобили создадени од лего коцки.

Станува збор за Porsche 911 GT3 RS и Bugatti Chiron за чие создавање беа потребни илјадници мали делови. При тоа, со цел да се долови резултатот, ADAC искористи осум камери.

Видеото од краш тестот е прикажано во продолжение, а од ADAC наведуваат дека Porsche автомобилот возел со брзина од 60 км/ч при сударот со Bugatti автомобилот.