Кои се најголемите суеверија кај возачите!

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на автомобили се многу суеверни, и оттаму е интересно прашањето кои се најраспространетите суеверија кај луѓето кои минуваат најмногу време зад воланот.

Најпопуларното од нив е верувањето, дека откако возилото ќе биде измиено, задолжително мора да заврне дожд. И користа од миењето на автомобилот е еднаква на нула. Практично, шансата да заврне дожд е исто толку веројатна како и да не заврне, односно 50:50.

Многу возачи веруваат дека птичјиот измет паднат на автомобилот носи среќа, но очигледно забораваат дека ако остане премногу долго на хаубата или на кровот, може сериозно да и наштети на бојата. На тој начин место приход, ќе се појават трошоци околу префарбањето на возилото.

Автомобилот на некој начин е како жената. Ако го третираш лошо, тоа ќе се одмазди со неуспех. И спротивно од ова. При внимателно однесување, шансата за оштетување е помала. Затоа многу возачи сметаат дека запазувањето на ова суеверие е многу важно.

Некои возачи, пак, задолжително удираат по гумите, пред да тргнат на пат. Ако ги прашате зошто го прават тоа тие ќе ви одговорат дека така лесно се проверува притисокот. Сепак, подобро е во вакви случаи да се користи манометар.

Многу сопственици на автомобили се на мислење дека не одговара да се користат резервни делови од кола која доживеала сообраќајна несреќа бидејќи тоа може да донесе иста судбина како нивната. Други, пак, ставаат амајлија во автомобилот, а понекогаш тој има и религиозен симбол како крст или икона. Во друга ситуација се работи за играчка. Сметаат дека тоа ќе може да ги спаси од непријатности.

Не е јасно дали ова спречило некого досега да се најде во проблеми на патот. Напротив, вистината е дека верата ја исполнуваат они што веруваат во нив. Затоа, е подобро да се внимава повеќе при патување бидејќи тогаш шансите за непријатности се помали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK