Наградно прашање: Ќе го собере ли Шекил О`Нил во Smart (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За мал човек не е проблем да влезе во било кое „минијатурно количе“, но што е со они ешто се надвор од нормалните габарити?

Поранешниот играч во НБА и актуелен телевизиски аналитичар Шекил О’Нил се обиде и успеа да искористи Smart, еден од најмалите автомобили во светот. И не само да влезе туку и да го вози. Како изгледа кошаркарот висок 2,16 метри и тежи 150 кг. во Smart можете да видите од фотографиите и од видеото.

Шекил реши да докаже дека и покрај својата компактна големина, Smart е погоден за сите видови на луѓе. Тој не само што влезе во автомобилот, туку дури и запна да го вози. Секако, со таков возач, автомобилот нема да може да покаже импресивна динамика – на пример, забрзувањето од 0 до 100 км на час што го тврди производителот е 9,5 секунди.

Тековната генерација на Smart е на пазарот од 2014 година, со моделот достапен со бензински и електрични мотори. Во 2018 година, компанијата објави дека иднината на мини-автомобилот е само електрична и ќе го напушти пазарот на САД. Набргу потоа, во пролетта 2019 година, Smart замина под закрила на кинескиот концерн Geely. Следната генерација на Смарт се очекува да биде откриена во 2022 година.

Но, колку што Шекил имаше проблеми со Smart, замислет како му беше на највисокио тиграч vo NBA, Кинезот Јао Минг со 229 см. Тој во 2014 година се обиде да влезе во Lincoln Navigator. Као мина тоа погледнете во видеото.

Не е лесно да си голем…Дефинитивно..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK