На што најчесто смрди во автомобилите?

ОБЈАВЕНО НА:

Смрдење на сулфур, чорапи, бензин, масло, расипани јајца... Сето тоа упатува на одредени дефекти на вашиот автомобил. Како и секој звук што упатува на дефект така и секој мирис во автомобилот совршено дијагностицира дека нешто не е в ред.

 

Сигурно некогаш ви засмрдело во внатрешноста од возилото. Не, тоа не бил совозачот, туку веројатно станува збор за автомобилот и лесно е можно дека се работи за потенцијален проблем. Едни се мирисите присутни додека автомобилот е во движење, други додека стои, а трети единствено кога е жешко.

Затоа е добро да се знаат неколку работи, односно како да откриете на што се „жали“ вашиот автомобил со испуштање на смрдеа. Ако го знаете ова тогаш ќе знаете уште пред да одите на сервис што е проблемот. Никогаш не го занемарувајте вашиот нос бидејќи тој и во мрак може да открие кога нешто не е в ред.

Оттаму имајте предвид дека нешто не е в ред ако замириса како:

1.СИРУП ОД ЈАВОР

Kога? Откако ќе се загрее моторот или неколку минути откако ќе го изгасите.

Причина? Течноста за ладење содржи сладок, но токсичен, етилен гликол, кој некаде истекува. Можеби од цревото на ладилникот или од главата на цилиндарот.

2.ИСПОТЕНИ ЧОРАПИ

Кога? Откако ќе ја вклучите вентилацијата.

Причина? Станува збор за насобрана мувла поради влага кондензирана во внатрешноста на испарувачот на клима уредот. Спасот може да биде засилувањето на вентилацијата до максимум додека клима уредот е исклучен.

3.СУЛФУР

Кога? Постојано, а особено кога возилото мирува после долго возење.
Причина? Веројатно причина е маслото за подмачкување кое истекува од менувачот или некој диференцијал.

4.БЕНЗИНСКА ПУМПА

Кога? Додека возилото е паркирано во гаража, а особено при топло време.

Причина? Некогаш тоа беше вообичаено, пред 30 години, додека во карбураторот после возењето остануваше гориво. Денешното вбризгување е сосема поинакво, а инсталирани се и испарувачи кои го спречуваат тоа. Веројатно проблемот е во доводот или во резервоарот.

5.РАСИПАНИ ЈАЈЦА

Кога? Додека моторот работи.

Причина? Тоа е мирис на водород сулфид во издувниот систем што е резултат од сулфурот во горивото. Веројатно проблемот е во катализаторот кој тој спој би требало да го „уништи“. Причината може да биде и во вбризгувањето на горивото.

6.ЖЕШКО МАСЛО

Кога? Додека моторот е загреан.

Причина? Најверојатно е тоа дека маслото капе на цевката на издувниот систем, можеби од коленестото вратило. Можеби нема да најдете траги на асфатлтот под автомобилот.Капките кои ќе го допрат издувниот систем веднаш испаруваат, па затоа побарајте траги од чад.

7.ЗАПАЛЕНА ХАРТИЈА

Кога? Во сите брзини, а особено додека „шалтате“.
Причина? Квачилото се пали поради потисната плоча која пролизгува, а мирисот за запалена хартија е тука бидејќи составот  на материјалот на спојката практично е хартија. Можеби возите со нога на папучата на спојката, а можеби морате да ја смените спојката.

8.ЗАПАЛЕН ТЕПИХ
Кога? Откако предолго или пресилно сте ги користеле кочниците.
Причина? Плочките на кочницата се имаат прегреано, што е сосема вообичано при спуштање на планина. Почувствувате ли мирис на запален тепих при возење, тогаш појдете на механичар. Можеби имале блокада на вилицата или на рачната сопирачка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK