Му го заплениле луксузниот автомобил 10 минути откако излегол од салон

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислите дека немате среќа тогаш помислете на 39 годишен канаѓанец од Ванкувер чиј автомобил McLaren 600LT му го запленија само 10 минути по купувањето.

Неименуваниот (не)среќен сопственик на само неколку километри од продажниот салон бил застанат од полициски службеници поради пребрзо возење. Локалната полиција утврдила дека тој возел со 161 км/ч на место каде ограничувањето измесува 90 км/ч.

Поради тоа неговиот автомобил е запленет на седум дена и ќе мора да плати парична казна во износ од 368 канадски долари.

Моделот 600LT е еден од најновите модели на британскиот производител. Распоалга со 3.8 литарски bi-turbo V8 мотор кој продуцира 600 КС. Макесималната брзина која може да ја постигне изнесува 328 км/ч, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 3.2 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK