Мотоцикл кој може да лета (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Франција, Lazareth Auto-Moto покажа едно интересно видео на своевиден ховербајк, кој ја носи моделната ознака LMV 496. Импресивно е тоа дека ова возило може да се движи по стандардните патишта, но во исто време може и да… лета!

Lazareth LMV 496 е изграден врз база на LM847, но место 4.7-литарскиот мотор од Maserati тој е опремен со четири турбини, кои работат на керозин. Во конструкцијата е користен карбон-кевларен композит и други тешки и лесни материјали.

Трансформацијата на положбата на тркалата (од вертикално кон хоризонтално) се случува само со притискање на едно копче, а во гранките на секое од тркалата е интегрирана по една турбина. Моќноста на системот на четирите е 1300 коњски сили.