Металик зелена која чини колку ново Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Новата специјална зелена боја од понудата на Porsche за моделот 911 Turbo S чини неверојатни 82.645 евра, отприлика колку ново стандардно Porsche 911 Carrera.

Наменета е за оние потрошувачи кои се подготвени да платат екстра за да имаат поинакво возило од мнозинството кои го имаат истиот модел. Автопроизводителите, пак, се радуваат на дополнителната заработувачка.

Невобичаените понуди секогаш се скапи, но специјалната зелена нијанса Phyton Green ги надминува сите. Купувачот, кој за автомобилот треба да плати околу 200 илјади евра, за бојата треба да доплати уште 40 отсто од стандардната цена, односно 82.645 евра.

Porsche 911 Turbo S е меѓу најдобрите автомобили од понудата на германскиот производител. Опремен е со шестцилиндричен 3.8 литарски твин – турбо мотор кој испорачува 580 кс. Максималната брзина на автомобилот е 330 км на час, а од нула до 100 км на час забрзува за само 2,9 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK