Mercedes 600 Pullman од 70-те години на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Куќата за организирање на аукции RM Sotheby на аукција го објави Mercedes 600 Pullman. Станува збор за најдолгата од моделот W100 600 кој е со должина од 6.240 мм, висина 1.510 мм, ширина 1.950 мм и меѓуоскино растојание од 3.900 мм што е за 700 мм повеќе во однос на основната изведба.

Овој ВИП автомобил, благодарение на овие димензии располага со огромен простор, благодарение на задниот дел каде има клупи во два дела што го прави овој автомобил идеален за високи државници кои благодарение на екстериерните услови без проблем може да одржуваат состанок додека се возат во овој автомобил.

Pullman располага со 6.3 литарски M100 V8 мотор со моќност од 282 КС. Сопственикот на овој автомобил за реставрација на истиот во 2005 година вложи 40 илјади евра, а се очекува да инкасира неколку милиони особено поради зачуваните оригинални елементи, но и поради самиот факт што денеска овој автомобил може ретко да се пронајде.

Mercedes 600 Pullman

Овој автомобил кој е дело на дизајнерите Бруно Сако, Фридрих Гајгер и Пол Брак, се произведувал во периодот од 1963 до 1981 година, а според достапните бројки произведени се само 2.677 примероци од овој автомобил од кои само 428 се однесуваат на продолжената верзија на Pullman.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK