Мечка украде Subaru и направи сообраќајка

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата од Колорадо се соочи со несекојдневен момент при една сообраќајка. Не би имало ништо чудно доколку истата не била предизвикана од мечка која била зад воланот во автомобилот кој се судрил со дрво.

Мечката успеала да влезе во отвореното возило. Во моментот кога се нашла во автомобилот вратите се затвориле и животното почнало во паника да се обидува да најде излез.

Притоа го поттурнала менувачот во неутрална положба при што возилото почнало да се движи.

Патувањето на мечката со возилото Subaru траело околу 30 метри бидејќи потоа се судрило со дрво. Ударот бил толку силен што вратите се отвориле, а мечката успеала да излезе од автомобилот.