McDonald`s воведува новости: Знаете ли што прават со старото масло од кујна?

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата McDonald’s ја следи глас како „трујач“ со нездрава храна, но тоа не е компанија која е препознатлива исклучиво по нејзините Big Mac и други препознатливи оброци. Овој гигант во индустријата на брза храна секогаш бара нови начини за напредок. Без разлика дали е тоа претворање на отпад од кујната во енергија и гориво или нивната посветеност на рециклирање, брендот сериозно размислува за одржлива иднина.

Дали сте знаеле дека McDonald’s го користи старо масло за пржење за да ја засили својата испорака? Најпознатиот ланец на ресторани во светот искористеното масло од кујната го претвора во гориво со кое ги снабдува повеќе од пола од своите возила за испорака.

McDonald’s се залага и за рециклирање. Веќе е поставена цел до 2020 година да не се произведува никаков отпад. За пофалба е и фактот дека компанијата во минатите четири години инсталираше повеќе од 1100 единици за рециклирање, што значи дека е значително лесно да се раздвојуваат пластиката и чашите во 85 проценти од рестораните во светот.

Исто така McDonalds вети дека до крајот на оваа година ќе ја укина понудата на пластични сламки во секој од своите 1300 ресторани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK