Маж со валјак уништуваше автомобили на авто собир (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Мирен и пријателски авто собир се претвори во вистински хаос откако еден маж со валјак уништи неколку возила, а повреди и двајца други мажи. Сето ова се случило на собир на автомобили во Велингтон, Нов Зеланд кон крајот на минатиот месец кога 47 годишен маж поради неразјаснати причини започнал да уништува автомобили со помош на валјак.

Се претпоставува дека мажот не учествувал на собирот туку бил испровоциран од самиот собир поради што решил да се пресмета со посетителите.

Полицијата по пријава на посетителите веднаш пристигнала по што мажот е уапсен, а при извршениот алхо тест утврдено е зголемено присуство на алкохол во крвта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK