Македонецот Михаел Мeрклер од Гостивар дизајнираше супер автомобил што ќе се произведува во Канада

ОБЈАВЕНО НА:

Во Канада следната година ќе почне производството на суперспортскиот електричен автомобил кој со екстремно ниската цена треба да направи нарушување на пазарот на егзотични автомобили. Приказната е интересна бидејќи творец на тоа возило е Михаел Мерклер, млад македонски дизајнер кој живее во Гостивар. Тој го дизајнираше изгледот на суперспорткото возило.

Ова не е негова прва работа. Првпат светот, особено овие наши бивши Ју простори слушнаа за Михаел Мерклер, млад македонски дизајнер, кога го објави дизајнот на Fiat 128 (стојадин) за новиот милениум. Концептот YugoGT500 веднаш потоа ги освои масите, јасно играјќи на емоциите на сите оние на коишто „стојадин“ нешто им значел во животот.

А сега доаѓа нешто сосема поинаку. Она што сега го нацрта им се допадна на многумина, па се најде и инвеститор. Автомобилот ќе влезе во сериско производство. Неговот оиме е Quds, што доаѓа од зборот Al-Quds што на арапски значи „свет“. Златната маска е инспирирана од Ерусалимската златна купола, најстарата и најубава џамија за многумина.

Основата на овој Quds ќе биде Dubuc Tomahawk, електричен автомобил веќе се произведува во Канада. Првичните проценки наведуваат дека Quds ќе може да достигне 100 км/ч за 2,9 секунди, до брзина од 260 км на час, со теоретски дострел до 800 км.

Зад канадската компанија Electra кој аќе го произведуба стои успешниот бизнисмен Џихаd Мохамед. Тој не планира да заработува од ова, и сака да еко спортски возила што ќе бидат достапни за поголем број луѓе.

Цената на автомобилот нема да биде ни приближно до милион долари или нешто астрономски скапо, туку на ниво од само 70.000 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK