Луѓето се плашат од самовозечките автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Да, добро прочитавте, самовозечките автомобили предизвикуваат страв кај луѓето, барем според последното истражување во САД.

Американската Автомобилска Асоцијација (ААА) децении наназад спроведува најразлични истражувања, а во едно од последните централно место заземаа самовозечките автомобили кои често се најавуваат како иднината на автомобилизмот.

Според резултатите од анкетата во која учествувале 1,000 возачи од САД над 18 години, дури 71% од испитаниците одговориле дека се плашат да се возат сами во потполно автономен автомобил.

Сепак во истражувањето се наведува дека овој процент претставува подобрување во однос на минатогодишниот кога негативно и со доза на страв се изјасниле 73% од анкетираните.

Влијание врз овој неповолен резултат за автономните возила имаат бројните несреќи и скандали поврзани со овие возила, па несомнено е производителите да преземат поголеми чекори кон популаризацијата на овие автомобили и технологии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK