Лесно е кога си богат: Шеик од Абу Даби има 37 скапоцени тркачки автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Шеикот Султан од Абу Даби ја има една од најголемите колекции на спортски автомобили и оправдано велат дека го има местото од соништата. При посетата на вљубениците на брзите спортски автомобили не може без да се посети “SBH Royal Auto Gallery” каде што може да се видат дури 37 ретки видови тркачки коли.

Се работи за музеј во кој се наоѓаат скапоцени авомобили. Тие се сместени во дел од еден голем комплекс во чии рамки се наоѓа и приватна тркачка патека.

На едно место може да се видат најновите хиберавтомобили како Lamborghini Centenario, Ferrari LaFerrari Aperta или Bugatti Chiron, но има и автомобили од постарите генерации. Шеикот во колекцијата ги има и легендарниот Mercedes CLK GTR Roadster, кој е еден од само петте такви автомобили во светот. Има и Bugatti EB110, како и прочуениот модел на Ferrari, F40.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK