Land Rover и Тери Грант се запишаа во Гинис (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Каскадерот Тери Грант возеше Land Rover и успеа уште еднаш да го запише своето име во Гинисовата книга на рекорди откако успеа да го подобри времето за најбрзо измината милја со автомобил на две тркала.

Овој настан се случи на Goodwood festival of speed во Велика Британија.

Новото најдобро постигнување беше забележано со претставник на Range Rover Sport SVR, и изнесува 2 минути 24,5 секунди, а за време на ова возење најголемата развиена брзина била 96 км/ч. Новиот рекорд е подобар за 30 секунди од претходниот, кој беше поставен исто така од Тери Грант во 2011 година.

Range Rover Sport SVR доаѓа со максимална можност од 575 коњски сили, а може да забрза од 0 до 96 км/ч за 4,3 секунди и да развие максимални 280 км/ч. Единствените промени, кои биле направени кај автомобилот пред да биде забелажан новиот рекорд се поврзани со рекалибрирањето на диференцијалот за да се добие поголема моќност на гумите при контактот со асфалтот, а биле напумпани и повеќе од нормалното.

Воедно Land Rover го искористи годинешното издание на Goodwood festival of speed за да ја одбележи својата 70 годишнина. Компанијата демонстрира 70 историски и важни возила за компанијата, а истите датираат од 1948 до 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK