Lamborghini Sián FKP 37 во огиринални димензии од 400.000 LEGO елементи (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Lamborghini реализираше уште еден проект со LEGO, а овој пат акцентот во иницијативата на двете компании е ставен на Sián FKP 37, поточно неговата изградба во реални димензии со помош на елементите на специјалистот во областа на конструкторите.

Lamborghini Sián FKP 37 во оригинална димензија е составено од повеќе од 400.000 LEGO елементи, кои биле користени од вкупно 154 различни видови, а во тоа се вклучени и 20 специјално дизајнирани за новата иницијатива.

За склопување на LEGO автоомбилот од 2,2 тони биле неопходни 15 лица, кои работеле на развојната дејност и реализација.

Репликата на Sian била направена во период од 8.660 часа. Возилото е со димензии од: должина 4.980 мм, ширина 2.101 мм и висина 1.133 мм.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK