Квалитет… Skoda Fabia поминалa еден милион километри без проблеми

ОБЈАВЕНО НА:

Возач на такси од БиХ со својот автомобил Skoda Fabia успеал да помине еден милион километри без притоа да има потреба да плаќа посериозни поправки на возилото. Мирсад Ќосиќ го возел автомобилот единствено на редовен сервис, а поддршката била исклучови за замена на потрошните материјали.

Автомобилот бил произведен во 2003 година и е опремен со еден од најсилните и најбарани мотори на VAG. Атмосферскиот 1,9 литарски SDI развива едвај 64 коњски сили 125 Нм, но за сметка на тоа располага со огромен ресурс.

Увозникот на Skoda за БиХ е презадоволен од веста за рекордните километри поминати од страна на таксистот со возилото Fabia. Од претставништвото одлучиле да го наградат Мирсад за постигнувањето, а првата работа била да ја сменат бесплатно километражата која престанала да отчитува после надминувањето на 1 милион километри.

Ќосиќ исто така добил и часовник, но најголемиот подарок бил попустот од 5.000 конвертабилни марки (2.556 евра) од цената за нова Fabia. Таксистот веднаш го одбил предлогот во замена за бесплатно сервисирање на стариот автомобил во следните 12 месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK