Купил Porsche – за бојата доплатил 83.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

За мерак не се штедат пари. Веројатно најдобар доказ за ова е еден страствен вљубеник на Porsche автомобилите кој платил, верувале или не 83.000 евра само за бојата.

Неименуваното лице купил Porsche 911 Turbo S чија почетна цена за основниот модел изнесува 218.000 евра. Сепак тој кај американскиот дилер Porsche Exchange покрај додатна опрема нарачал и специјална посебна боја именувана како Chromaflair.

На основната цена за моделот 911 доколку се додаде цената за бојата тогаш овој купувач би можел да го купи моделот Porsche 718 GTS. Сепак тој се одлучил да инвестира пари во бојата.

Но зошто оваа боја е толку скапа? Причината е самата постапка на фарбање која е многу сложена и бара големо внимание и време. Се нанесуваат неколку слоеви со дебелина од по еден микрометар во вид на снегулки. Самите снегулки содржат алуминиумско јадро опкружено со стаклен слој.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK