Купил Lamborghini и веднаш го „слупа“ – 500.000 долари фрлени во вода

ОБЈАВЕНО НА:

Поради реткоста, но и популарноста, моделот Diablo на Lamborghini од ден на ден бележи раст на цената. Така еден неименуван купувач успеал да дојде до овој автомобил откако на компанија од Сиднеј и исплатил половина милион долари.

Да се дојде до ваков автомобил потребно е многу пари, но и многу среќа. Сепак среќата на новиот сопственик траела кратко.

По само неколку минути тој заедно со автомобилот завршиле во ендек близу патот откако претходно удрил и во дрво. Полицијата потврди дека до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола над автомобилот опремен со 5.7 литарски V12 мотор кој продуцира близу 500 КС.

За сега не е познато колку изнесува штетата, но според сликите објавени на интернет, поправката на овој автомобил ќе изнесува исто колку што и овој австралиец платил при купување на возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK