Крави „уапсија“ крадец на автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Стадо на крави кои беа разбудени од спиење бркаа и ставија во незгодна позиција крадец на автомобил од Санфорд во Флорида, кој бил во бегство. Добитокот ја притиснал Џенифер Ан Кауфман кон жичаната ограда, каде билa притворенa од страна на полицијата.

До овој момент кој е вистински куриозитет дошло после ноќно следење на украденото СУВ со хеликоптер, а епилогот бил со сообраќајка. После излетувањето на возилото во каналот на селскиот пат, сопатникот бил уапсен лесно, но дамата која возела се обидела да избега преку блиското пасиште.

За нејзина несреќа во близина имало стадо крави, кои спиеле. Тие се исплашиле од присуството на непознато лице во темнината и почнале да ја бркаат Џенифер. На видео снимката од хеликоптерот се гледа дека една од кравите се доближила опасно близу до жената која бегала.

Исто така се слушаат и упатства на еден од полицајците, кој им наредува на колегите едноставно да го следат стадото. Во крајна сметка Џенифер Ан Кауфман била принудена да бара спас со прескок преку жичаната ограда на паситето, каде ја запреле полицајците. Жената е обвинета за отпор при апсење и поседување на дрога.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK