Користел Google Street да го најде патот и видел нешто многу потресно..

ОБЈАВЕНО НА:

Кога барате некој објект и патот до него една од опциите е да користите Google maps или Google street. Со Google Street можете да ги видите улиците и да „одите по нив“ и така полесно да го најдете местото или објектот што го барате. Но, понекогаш треба да бидете свесни дека тоа може да открие многу тајни и да повреди и некои луѓе.

Искуството што го имал извесен Перуанец баш и не е многу пријатно. Според локалните медиуми тој пребарувал на google street сакајќи да го најде полесно правецот на движење во околината на популарниот „мост на воздишките“ во округот Баранко во Лима.

Но, наместо патот на фотографиите нашол нешто што многу го повредило!
Одејќи виртуелно по улицiте ја нашол сопствената жена и тоа во прегратка на друг маж. Но бидејќи Google street ги крие регистерските таблички на возилата и броевите на куќите и лицата на луѓето потешко е некогаш да се откријат вакви работи.

Но, како што пишуваат локалните медиуми човекот ја препознал сопствената жена според облеката и фризурата. И откако и ги покажал снимките таа се признала.

Па внимавајте каде седите, со кого и што правите.