Конечно: Се продава BMW што го возела баба!

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сакаат да купат половно возило по ниска цена, а притоа претходниот сопственик да биде баба, надевајќи се дека таа нема многу да има направено километри и истото возило ќе биде добро чувано. И на eBay се појави таков оглас. Ако сте вљубеник во BMW ова можеби е вистинската шанса да си купите автомобил каков што многумина бараат.

Се продава BMW серија 7, генерација Е38 за кој се тврди дека првпат е регистриран во 1997 година, и има поминато само 255 км. И не само што има малку поминати километри, истиот е добро гаражиран. Бил чуван во пластично проѕирно звоно со механичка циркулација на воздухот.

Првиот сопственик, барем според тврдењето во огласот била госпоѓа родена 1927 година кој во таа 1997 година поминала само 255 км.
Иако само неколку денови огласот се наоѓа на eBay веќе има неколку понуди, и тие се над 50.000 евра.

Аукцијата завршува на 31 март. Повеќе фотографии можете да добиете ако побарате од сопственикот.

Моделот BMW 740i го покренува 4.4 литарски V8 кој има 286 КС и 420 Нм. вртежен момент. Има петстепен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK