Колку се безбедни камперите? Видео од краш тестот кој ќе го даде одговорот

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно се спроведуваат најразлични испитувања и тестирања на автомобилите во однос на нивната безбедност и сигурност. При тоа нивото на безбедност и сигурност кај автомобилите, благодарение на напредната технологија постојано бележи напредок.

Но колку на пример се безбедни камперите? Тие се многу популарни во скандинавските земји па поради тоа Администрацијата на транспорт на Шведска спроведе темелно испитување спроведувајќи при тоа и краш тест.

Како што можеме да видиме на видеото во продолжение, судирот на камперот со препреката изгледа доста страшно, а резултатите покажуваат дека ова возило е многу небезбедно.

Причината за овој лош резултат лежи во габаритната конструкција како и бројните предмети во внатрешноста кои може да го зададат најтешкиот удар врз патниците во случај на сообраќајна незгода.

Оваа институција на Шведска наведува дека судир со брзина од 40 км/ч знае да биде смртоносен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK