Колекцијата од 21 автомобил на Пол Вокер одат на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 21 автомобил кои беа во сопственост на Пол Вокер ќе се најдат на аукција во јануари следната година. Колекцијата е сочинета од бројни автомобили како од 60-те години така и понови модели од 2000-те години.

Најстар автомобил е Chevrolet Nova од 1963 година, а од истиот овој период се и Chevrolet Chevelle и Chevrolet II Nova.

Најголем дел од автомобилите се од брендот на BMW и тоа дури седум од кои пет се M3 E365 Lightweight, а останатите M3 E30 и M3 E30 Coupe.

Не е тајна дека Вокер беше љубител и на јапонски автомобили па така на аукцијата ќе се најдат и Nissan R32 Skyline (1989), Toyota Tundra (2006) како и Nissan 370Z (2009).

Во оваа колекција се наоѓаат и три мотоцикли од брендовите на Harley-Davidson, Suzuki и BMW.

Се очекува овие автомобили да бидат продадени за нешто над 3 милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK